По 45 години, во општина Кисела Вода почна реализацијата на два значајни проекта. Станува збор за реконструкција на паркингот кај познатите кули во Расадник, како и самата улица.
-Започнуваме со зафат кој беше барање на жителите кои живеат во кулите во Расадник, а бидејќи нивните потреби се мој приоритет – тука сме на терен да го исполниме барањето. Се работи за паркинг на едно од најфреквентните места во Кисела Вода, кој беше со големи оштетувања и капацитетот на возила не беше доволен за потребите на сите кои живеат тука. Со ова, даваме значен придонес во решавање на сообраќајниот метеж и давање на поголем простор за сообраќајот во мирување. Во зафатот влегува и реконструкцијата на улицата – истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој додаде дека за неколку дена од сега, ќе се вози по нов асфалт и нов проширен паркинг-простор.