Општина Ѓорче Петров реализираше уште два инфраструктурни зафати во урбаното јадро, со целосна реконструкција и асфалтирање на две улици.
Улиците „Вера Циривири“ и „Никола Вукмировиќ“ добија нов лик, како дел од континуираната стратегија за модернизација на инфраструктурата. Вкупната површина е 3.020 квадратни метри, а вкупната вредност на инвестицијата е 3.135.000 денари.
-Проектот е финансиран со средства од Владата на Република Македонија, што ја потврдува важноста на соработката помеѓу локалната и централната власт – велат од Општина Ѓорче Петров.
Двете улици ја поврзуваат улицата „4 Јули“ со булеварот „Ѓорче Петров“, што значително ја подобрува сообраќајната комуникација и ја зголемува безбедноста на жителите во овој дел од општината.
-Овој проект е само еден од многуте што ќе следат, бидејќи нашата цел е да создадеме современи и функционални услови за живот за сите наши граѓани – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.