Реконструирани спортските игралишта во средното училиште „Михајло Пупин“

37

Град Скопје ги реконструираше спортските игралишта во средното училиште „Михајло Пупин“, со што се овозможуваат одлични услови за средношколците и наставниот кадар за одржување на наставата по спорт и спортски активности.

-Новото игралиште за фудбал изградено по највисоки стандарди, им овозможува на младите спортистите кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци од училиштето да тренираат и да се надградуваат. Со инвестициите и проектите во скопските средни училишта, се обезбедува подобрување на условите за учениците и за наставниот кадар кој овозможува повисок квалитет на наставниот процес – соопштија градските власти.

 

ИЗДВОЕНИ