Реконструирани повеќе улици во Припор, Црниче и Пржино

104

Градежните активности за обнова на патната инфраструктура во општина Кисела Вода се во полн ек. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше за реконструкција на повеќе улици во Припор, Црниче и Пржино. Тој повтори дека ветувањето дадено во неговата предизборна програма оти до крајот на мандатот во општината нема да има неасфалтирана улица, е цел која ќе биде остварена и порано од ветениот рок.

– Се работи за реконструкција на улици од 14.000 квадратни метри површина, кои со децении биле заборавени од минатите локални власти.Реконструкцијата на целата патна инфраструктура во Кисела Вода беше голем предизвик – истакна Ѓорѓиевски.

Според него, целта е населбите во општината да бидат модерни и да ги нудат сите потребни услови за живеење.