Реконструирана улицата „808“ во Гази Баба

27

Градот Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата „808“, во општина Гази Баба, која беше во катастрофална состојба поради повеќе децениското неодржување.

Улицата 808 е една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од општина Гази Баба, а по истата се движат и голем број на товарни возила ,бидејќи се работи за индустриска зона.

Во првата фаза по подготвителните градежни работи, целосно се реконструираше водоводната мрежа и останата хидротехничка опрема, а со цел комплетна обнова на мрежата во овој дел на градот. Воедно, се изврши реконструкција на атмосферската канализација, како и замена на нефункционалните сливници, со што во иднина се превенираат поплави на овој потег.

– На оваа фреквентна сообраќајница на потег од крстосницата со улица „16 Македонска бригада“ до крстосницата со булеварот „Киро Глигоров“, покрај новата водоводна и канализациона мрежа, реконструкцијата опфати обнова на коловозот на површина од 9.200 квадратни метри, а дополнително се изведоа и соодветно пешачка и велосипедска патека од двете страни – соопштија од Град Скопје. Градежните работи ги изведе јавното претпријатие „Улици и патишта“.

ИЗДВОЕНИ