Реконструирана спортската сала во ООУ „Мирче Ацев“

516

Општина Ѓорче Петров заврши со реконструирањето на спортската сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е пуштена во употреба.

– При реконструкцијата, сменет е подот во салата. Наместо постојниот поставен е гумиран под, извршено е бојадисување на ходникот и на кабинетот на наставникот по физичко образование, поставена е целосно нова вентилација, а салата е опремена со нови спортски реквизити – соопштија од Општина Ѓорче Петров.

Оттаму додаваат дека овој проект бил неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците.

– Со неговото завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров – нагласуваат од локалната самоуправа. 

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.