Општина Ѓорче Петров е со јасна стратегија за создавање современи спортски објекти кои ќе го поттикнат здравиот и активен живот на најмладите и затоа продолжува со инвестиции во спортот и младите генерации.
Во рамките на ова визија, неодамна е завршена реконструкцијата на спортскиот терен во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, каде што е поставена нова тартан подлога на површина од 650 квадратни метри.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски истакна дека приоритет на општината се младите, дека не ги заборава и оти вложува во нивната иднина со модерни, безбедни и инспиративни простори каде ќе растат, ќе учат и ќе се забавуваат.
– Ѓорче Петров ја гради иднината на спортот, а со тоа ја гради и иднината на нашите деца – дециден е Стојкоски.
Тој додаде дека дополнително, општината реализирала и други значајни проекти од ваков карактер, вклучувајќи: реконструкција на спортските терени во населбата Даме Груев со нова тартан подлога, реновирање на спортскиот комплекс „Бранители“ во Волково со 1.500 квадратни метри нова подлога, поставување вештачка тревна подлога во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, изградба на нов фудбалски терен кај стадионот во Ѓорче Петров.
Во претстојниот период, општината ќе започне со поставување на вештачка тревна подлога во училиштата „Страшо Пинџур“ и „Мирче Ацев“, дополнително подобрувајќи ги спортските услови.