Општина Ѓорче Петров ја заврши реконструкцијата на покривот на ООУ „Страшо Пинџур“, со површина од околу 1.000 квадратни метри.

– Стариот азбестен кров, кој претставуваше ризик за здравјето, е  целосно отстранет во согласност со сите пропишани протоколи. Наместо тоа, поставивме нов покрив од најсовремени градежни материјали кои обезбедуваат долготрајност, енергетска ефикасност и безбедност – соопштија од локалната самоуправа, нагласувајчи дека за нив, грижата за здравјето и сигурноста на нашите ученици е врвен приоритет.

 

ИЗДВОЕНИ