На бреговите на реката Треска кај скопското село Крушопек е распослано ѓубре кое преставува дива депонија создадена од локалното население. Расфрлан е комунален но и градежен отпад, сликата е присутна веќе со години, а надлежните се глуви на повиците од совесните граѓани. Бистрата река извира од планината Стогово, а се влева во реката Вардар кај Ѓорче Петров, се заезерува кај Козјак и кањонот Матка. Реката за која скопјани ги врзуваат убави спомени, се загадува од несовесните граѓани кои место да си го носат ѓубрето до најблиската корпа за отпадоци несовесно го фрлаат во плитката вода.