EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Лиам Лосон ќе биде новиот возач на Ред Бул за следната сезона. Тој на тој начин ќе го наследи Серхио Перес, кој нема да ја продолжи соработката со австрискиот тим. Оваа вест ја објави германски „Скај Спорт“, додека потврда на оваа информација се очекува во наредните денови.

Лосон и Цунода беа во најтесен круг за наследник на Серхио Перес, но на крајот изборот падна на Лосон, кој влезе во РБ болидот кон крајот на сезоната и освои четири бода.

Сигурно нема да му биде лесно на новиот возач на Ред Бул, кој на тој начин ќе има можност да вози во ист тим со четирикратниот светски шампион Макс Верстапен.