Рецепт каков досега не сте пробале: Посна пита со спанаќ и шампињони и една тајна состојка за „екстра“ шмек/ВИДЕО

203

Посната пита со праз, спанаќ и печурки ќе го воодушеви вашето семејство.

Питите на многумина им се омилен избор, а нашата предлог пита со изобилие на вкусови ќе ги освои сите ваши сетила. Една состојка ѝ дава посебен шмек, а што е најважно, се подготвува брзо и лесно, па и почетниците ќе успеат.

Состојки:
готови тенки кори
1 голем праз
300 гр печурки
100 гр спанаќ
3 чешниња лук
сув зачин
бибер по желба
2 лажици ајвар
масло

Подготовка:
На масло пропржете го сечканиот праз, па додадете ги исечканите шампињони. Кон крајот додадете го спанаќот кој може малку да се исечка.

Додадете сецкан лук и суви зачини. Израмнете сè, премачкајте ги корите со фил и свиткајте ги во ролат.

Се редат во подмачкан плех, се премачкуваат со масло и се посипуваат со сусам. Се печат на 200 степени, 50 минути.

ИЗДВОЕНИ