Речиси четвртина од пратеничките во шкотскиот парламент се повлекуваат од функцијата поради мизогинија, малтретирање и незаштитеност

163
Имено, досега 14 од 58 жени од  Шкотската национална партија најавија дека ќе се повлечат, како и дека нема да се кандидираат на следните избори, закажани за мај 2026 година.
Се очекува уште пратенички од таа партија да донесат слична одлука.
Како причина го наведуваат „непријателското опкружување“ за жените во самиот парлчамент, недостигот на поддршка од партијата, како и злоупотребата на која се изожени на интернет. Наведуваат и дека кон сите тие појави е развиена толеранција.

„Политиката е воопштено мизогина, а мислам дека и нашата партија не може да биде задоволна со преземеното. Примери на несоодветно однесување на мажите, вклучително со малтретирање и сексуално вознемирување, се речиси вообичаени“, вели Мишел Томпсон.

Нејзината партиска колешка Елена Витхем нагласува дека бе станува збор само за бариери за влез, туку и за останување во политиката.

„Ни партијата ни парламентот не се во состојба да ги поддржат жените кога ќе наидат на потешкотии. Од таа причина и губите премногу талентирани жени на штета на демократијата“, рече таа за „Гардијан“.

ИЗДВОЕНИ