Страшна вест ни доаѓа од Африка, каде што познатата спортистка Ребека Чептеги била примена во болница на одделот за интензивна нега со изгореници на 75 отсто од телото. Олимпијката која трчаше на маратонот за Уганда на неодамнешните Олимписки игри во Париз моментално се наоѓа во болница во Кенија.

Нејзиното момче и нанело страшни повреди откако ја полил со бензин и ја запалил, а 33-годишната спортистка сè уште е во животна опасност. И Диксон Ендиема Марагач, кој ја повреди, завршил во болница, исто така поради изгореници, а патем ѝ беше свршеник на познатата спортистка.

Според тамошните медиуми, дошло до расправија за имот, а Диксон ја чекал Ребека да оди во црква, незабележан влегол во нејзината куќа и потоа ја нападнал. Со бензин прво ја полил куќата, па запалил сè. За среќа, соседите реагирале, повикале полиција, а сега лекарите се борат за животот на Ребека Чептеги. Несреќата се случила во градот Кинџор, а се очекува напаѓачот во најбрз можен рок да биде приведен и против него да биде отворена истрага, а подоцна да биде поднесена пријава.