Бурата Бора ја зафати Грција и предизвика поплави во кои загинаа три лица.
Силно невреме направи катастрофа на Халкидики, Родос и многу други места.
Повеќе од 30 сантиметри дожд наврнаа на Родос од саботата. Првите смртни случаи се забележани на островот Лемнос, поради поплавите кои оштетија патишта и згради.
Во блиската населба Контиас, 70-годишен маж загинал кога паднал додека се обидувал да расчисти куќа.
Пожарникарите подоцна го пронашле телото на 57-годишниот земјоделец откако неговото семејство пријавило дека исчезнал во областа Лемнос, во близина на браната.
Според полицискиот извештај, тој се удавил додека се обидувал да премести автомобил заглавен во калта.
Тажни слики доаѓаат од споменатите места, а ден по невремето улиците се полни со гранки, вода и кал, а жителите се трудат да спасат што може да се спаси.
Вонредна состојба е прогласена на Родос и Лимнос.