Најмалку 14 лица загинаа, а стотици се повредени по земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала што во вторникот ја погоди островската држава Вануату во Тихиот Океан.
Земјотресот предизвика голема штета низ архипелагот Вануату, а спасувачите работеа во текот на ноќта обидувајќи се да стигнат до луѓето заробени под урнатините, пренесува АП.
Амбасадата на САД, зградите на неколку други амбасади – Велика Британија, Франција и Нов Зеланд, како и голем број други згради, вклучително и болница во главниот град Порт Вила, беа тешко оштетени во земјотресот.
Земјотресот се случил малку пред 13 часот по локално време на длабочина од 57 километри со епицентар на 30 километри западно од Порт Вила, најголемиот град во Вануату.