Разладување на италијански начин: Аперол шприц- и оваа сезона останува омилениот летен пијалак

82

Аперолот е совршен аперитив. Во светло портокалова боја, има уникатен горко-сладок вкус кој произлегува од тајниот рецепт кој останал непроменет од неговото создавање. Од 1919 година до денес, оваа инфузија од скапоцени примарни компоненти, многу билки и корени во совршено избалансирана комбинација, ја има задржано својата популарност.

Ова вистинско алхемиско ремек-дело нуди софистициран, добро заоблен вкус, добиен само благодарение на неговата мешавина од висококвалитетно овошје, билки и корени. Освежителен и со низок процент на алкохол (11% abv), Аперолот останува верен на својот оригинален, таен рецепт до ден-денес.

Затоа во комбинација со квалитетно просеко можете секогаш кога ќе посакате да уживате во овој совршен и ненадминат летен коктел приготвен дури и во домашни услови.

За да уживате во омилениот пијалок во текот на летната сезона дури и кога не ви се излегува надвор, секогаш можете да си го приготвите дома во пријатна летна вечер или да го поканите друштвото да „скокне“ до кај вас на гости на по една чаша иако следниот ден ве чека нов работен ден.

Потребни ви се само неколку состојки за овој пијалок – Аперол (горко-сладок светло портокалов ликер), коцки мраз, разладено просеко, газирана вода и парче портокал.

Потребни состојки:

  • 90 мл просеко вино
  • 60 мл ликер Аперол
  • 30 мл минерална газирана вода
  • ледени коцки
    парче портокал по желба

Подготовка:

Наполнете ја чашата со коцки мраз, а потоа истурете еднакви количини Аперол и разладено просеко.

Имајте на ум дека треба да оставите малку простор за газирана вода, а на крајот пијалакот можете да го украсите со парче портокал, во чашата или по работ на чашата.

И тоа е тоа, вашиот Аперол е готов и подготвен за уживање, дегустирајте го полека.