Русија се уште не добила сигнали од САД во врска со контактот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп, ние и понатаму сме подготвени за тоа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Досега немаме добиено никакви сигнали од Американците. Поради оваа причина, работиме според нашиот распоред. Сè уште сме подготвени и американската страна е сè уште подготвена за тоа, колку што слушнавме. Очигледно, потребно е извесно време“, им рече Песков на новинарите на прашањето на Спутник дали Москва е подготвена да организира средба меѓу Путин и Трамп и дали Путин е подготвен да оди на таков состанок во САД.
Истовремено, тој посочи дека ваква средба по правило ја договараат самите лидери.
– Ова по правило го разгледуваат самите лидери на државите кога сметаат дека е соодветно да се организира таков разговор – нагласи Песков.
Претходно Путин изјави дека е подготвен да се сретне со Трамп и мирно да разговара за сите прашања од интерес на двете страни.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Украина е подготвена да преговара и да склучи договор со Русија. Самиот шеф на украинскиот режим Владимир Зеленски изјави дека е подготвен за преговори со рускиот претседател Владимир Путин и постави услов.