Раздорот во дворот продолжува: Кралот Чарлс не го покани Хари со семејството на семејната Божиќна прослава

34

Британското кралско семејство очигледно ќе помине уште еден одмор одвоено и без принцот Хари и Меган Маркл. Според извори запознаени со случувањата во Бакингемската палата, британскиот крал Чарлс III нема да ги покани војводата и војвотката од Сасекс на овогодинешната семејна прослава на Божиќ, која традиционално се одржува во Сандригам (Норфолк).

“Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се очекува да ги поминат празниците во САД. Тие не учествувале на семејна прослава на Божиќ од 2018 година. Таа година парот се венчал”, објави магазинот Marie Claire.

Веста дека принцот Хари и Меган Маркл не се поканети на празничните веселби е далеку од изненадувачка, со оглед на тоа што принцот се уште е отуѓен од својот татко, кралот Чарлс III и неговиот брат, принцот Вилијам, кој е прв во линија за наследување на тронот.

На почетокот на оваа година, кралот Чарлс наводно одбил да се сретне со својот помлад син кога бил во Велика Британија каде ја прославувал 10-годишнината од неговите „Игри на непобедливите“.

„Како одговор на многуте прашања и тековните шпекулации за тоа дали војводата ќе се сретне со својот татко додека е во Велика Британија оваа недела, за жал тоа нема да биде можно поради презафатениот распоред на неговото височество“, изјави тогаш портпаролот на војводата од Сасекс.

Дури и откако на неговиот татко и сопругата на неговиот брат, принцезата Кејт, им беше дијагностициран рак, односите меѓу принцот Хари и членовите на кралското семејство останаа затегнати. Во август, анонимен извор за списанието People изјави дека принцот Вилијам наводно ги игнорирал повеќекратните повици, текстуални пораки на принцот Хари, велејќи дека имало голем јаз меѓу двајцата браќа.