Полицијата расветли два кривични дела разбојништво над тројца странски државјани, доставувачи на храна, што се случи во загрепска Дубрава на 5 и 6 февруари. Еден малолетник и еден 22-годишник се во притвор.
Во првиот случај, 16-годишен малолетник на 5-ти февруари околу 00:05 часот на улицата „Банатски одијак“ во Дубрава нарачал достава на храна преку апликацијата и со нож украл чанта од странски работник во која имало документи, пари и храна и побегнал. Материјалната штета изнесува околу 100 евра, соопшти загрепската полиција, пренесува Хина.
Ден подоцна, 22-годишник нарачал храна во два наврати и извршил кривично дело разбојништво над странски работници, најпрвин околу 19 часот и 5 минути на улицата „Вировска“, каде на 31-годишникот му земал неколку стотици евра и побегнал.
Потоа, околу 23 часот и 45 минути физички и вербално нападнал 33-годишен доставувач на улицата „Друга Пољанице“, го удрил, го одвлекол околу 15 метри до контејнер за отпад, го соборил на земја, му украл неколку стотици евра и побегнал. Материјалната штета во овие два прекршоци изнесува приближно 355 евра.