Расте опасноста од судир меѓу нуклеарните сили, предупредува Шојгу

32

Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, предупреди дека „се зголемува опасноста од вооружен судир меѓу големи држави, вклучително и нуклеарни сили“.

Изјавата ја даде во интервју за руската државна агенција ТАСС.

Таквиот ризик, според поранешниот министер за одбрана на Русија, произлегува „во услови на зголемена конфликтност и интензивирање на геополитичкото ривалство меѓу големите сили на меѓународната сцена“.

– Сведоци сме на активно јакнење на капацитетите на НАТО на неговото источна крило.

Се зголемува фреквенцијата на воените вежби во близина на териториите на Русија и Белорусија, при што се вежбаат не само одбранбени, туку и офанзивни активности, додаде Шојгу во интервјуто што беше објавено денеска.

ИЗДВОЕНИ