Расте Бројот на жртви по земјотресот во Мјанмар надмина повеќе од 1.000 – спасувачите трагаат по преживеани под урнатините

163
Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од 1.000, додека спасувачите очајнички ги бараат преживеаните по урнатините на урнати згради.

Тајландските власти објавија дека откриле знаци на живот за 15 лица исчезнати под урнатините по уривањето на висока зграда во Бангкок, јави Би-Би-Си, пренесува Танјуг.

Работниците планираат со тешка механизација што поскоро да ги отстранат деловите од урнатата зграда.

Властите, исто така, соопштија дека добиле 2.000 извештаи за можни оштетувања на високи згради поради земјотресот.

Сообраќајот на шест аеродроми, вклучувајќи ги и оние во Бангкок, Чианг Маи, Хат Јаи, Чианг Раи и Пукет, е нормализиран по земјотресот, соопшти Аеродромите на Тајланд, пренесе Ројтерс.

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Мјанмар надмина 1.002, а повредени се повеќе од 2.376 лица, соопшти тамошната војска.

Водачот на војската на Мјанмар прогласи вонредна состојба и побара секој кој може да помогне да излезе. ОН веќе се во контакт со властите.

Според податоците на USGS, епицентарот на земјотресот што го погоди вчера Мјанмар бил на околу 17,2 километри од градот Мандалеј, кој има околу 1,2 милиони жители. Околу 12 минути по првиот земјотрес, афтершок со јачина од 6,4 ја погоди областа.

 

ИЗДВОЕНИ