Потпишан е Колективен договор меѓу Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР) со Управителот на Рудниците Боров дол и Бучим Радовиш. Со договорот се унапредуваат правата на работниците во рудникот и се се утврди и динамика за зголемување на платите на работниците. Во наредниот период ќе се утврдат и дополнителни критериуми за дополнително зголемување на платите врз основа на работната успешност, редовноста, безбедноста и здравјето при работа и друго.

– На работниците, со самиот почеток на годината, зголемена им е основната плата за јануари која работодавачот веќе ја има исплатено. Социјалниот дијалог кој го водеше СИЕР со менаџерскиот тим на рудникот обезбеди потпишување на Колективен договор по многу години со што направен е значителен напредок во взаемното почитување како социјални партнери, како и во унаоредување на работничките права – велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

Истовремено, се прават напори со надлежното министерство да се изврши доплата на разликата за бенифициран стаж за дел од работните места на кои изминатиот период не бил уплатуван истиот заради различниот назив на работните места.

ИЗДВОЕНИ