Биткоинот поскапе за 3,16 отсто на 55.300,39 евра денеска во 15.15 часот на најголемата светска берза за криптовалути Binance.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 25,8 милијарди евра.
Индексот Fear and Greed Index на биткоинот моментално е на 30 во категоријата „страв“, што сугерира дека расположението на инвеститорите е значително полошо од минатата недела и дека очекуваат понатамошни падови на цените на биткоинот.