Во февруари, просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесувала 2,19 проценти и забележала раст од 0,43 процентни поени, а просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 5,18 проценти и забележала пад од 0,34 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити била намалена за 0,72 процентни поени на годишна основа, а просечната каматна стапка на новопримените депозити забележала годишен раст од 0,10 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во февруари остварила месечен пад од 0,02 п.п. и изнесувала 5,53 %.

– Месечниот пад произлегува од намалувањето на каматните стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,01 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Во споредба со тој месец претходната година, оваа каматна стапка е намалена за 0,11 п.п – велат од Народната банка.

Во февруари, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата изнесувала 2,12 % и забележала месечен раст од 0,01 п.п. Месечното зголемување се должи на растот на сите компоненти: каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со февруари претходната година, оваа каматна стапка е зголемена за 0,39 п.п.

– Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата забележа месечен пад од 0,08 п.п. и изнесува 2,38 %. Притоа, падот во целост е резултат на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,17 п.п.), во услови на раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,08). Кај банките и кај штедилниците, во февруари, не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е повисока за 0,03 п.п. – истакнуваат од Народната банка.

ИЗДВОЕНИ