Распишан јавен повик за избор на автошколи 

71

Општина Карпош и годинава ќе субвенционира посетување на обуки за теоретски и практичен дел за полагање за возачка дозвола Б категорија кај младите лица од нејзината територија.

За таа цел, најпрвин распиша јавен повик за избор на автошколи кај кои ќе може да се посетуваат обуките.

-Со цел спроведување на оваа активност која е дел од Програмата на Секторот за развој за 2025 година, потребно е општината да изврши избор на автошколи преку кои младите лица ќе може да добијат обука за теоретскиот и практичниот дел за возачки испит за Б категорија – појаснуваат од локалната самоуправа.

Право на пријавување имаат сите заинтересирани правни лица регистрирани во дејноста што ја опфаќа дејноста на овој јавен повик.

За најповолни понуди ќе бидат избрани понудите на автошколите ќе понудат минимална цена за обука утврдена во Правилникот за минимална цена за оспособување на возачи во автошкола за следење на обуки од теоретскиот и практичниот дел на кандидатите за возачи за Б категорија, согласно минималните пресметани елементи на вредност.

Понудите можат да се достават најдоцна до 24.1.2025 година преку пошта на адреса: улица „Радика“ број 9, или во Архивата на Општина Карпош барака 2, најдоцна до 12 часот кога и ќе се спроведе јавното отворањето на понудите.

 

ИЗДВОЕНИ