EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Тијаго Мота, тренерот на Јувентус, воопшто не е задоволен од тоа како течат подготовките на тимот. Стратегот на „старата дама“ е особено загрижен по убедливиот пораз на пријателскиот меч со Нирнберг. Под лупа беше Душан Влаховиќ, кој не искористи пенал за израмнување на тој меч. Се верува дека директорот Кристијано Џунтоли ќе се обиде да се сретне со Мота и да доведе уште неколку засилувања, најмалку три до крајот на преодниот рок.

Се верува дека Федерико Киеза е пред заминување, додека прашање е колку трпение ќе има Мота со Влаховиќ. Како можни засилувања се споменуваат

Тен Копмајнер од Аталанта, дефанзивецот Жан-Клер Тодибо од Ница, како и младиот напаѓач на Хофенхајм, Максимилијан Бејер, кој минатата сезона постигна 16 гола во Бундес лигата.