Сингапурскиот нафтен магнат Лим Он Квин (82) прогласи банкрот по распадот на неговата империја, пишува Блумберг. Неговото име како основач на „Хин Леонг Трејдинг Пте“ и неговите деца Лим Хуи Чинг и Лим Че Менг, кои беа директори на компанијата, беа наведени во налогот за банкрот издаден на 19 декември.
На својот врв, Хин Леонг тргуваше со низа нафтени продукти, управуваше со терминали за товарење и магацини. Падот на Лим Он Квин, кој беше познат и како ОК Лим, започна во 2020 година, откако пандемијата на „Ковид-19“ ги сруши цените на нафтата.
Хин Леонг е обвинет дека сокрил повеќе од 800 милиони долари загуби и оставил повеќе од 20 банки со огромни обврски.
Во септември, Високиот суд на Сингапур ги одобри договорите на Лимс да плати 3,59 милијарди долари на ликвидаторите на неговата пропадната фирма и доверителот HSBC Holdings Plc, завршувајќи го граѓанскиот случај против Лим Он Квин.
Тој тогаш рече дека нема доволно средства да ги плати сите и дека ќе поднесе барање за стечај, пишува Танјуг.