Од „Шанса за Центар“ реагираат за тоа што веќе една година пешачката патека покрај плочникот зад „Автомакедонија“ кај Зеленото пазарче е раскопана.
– Минатото лето, најверојатно за поправка на општинските системи за наводнување на зеленилото, беше раскопана оваа пешачка патека. Со тоа што до денеска уште не ја санирала патеката, инаку направена во социјализмот, Општина Центар ни даде „шанса“ да уживаме во оваа бразда во сите годишни времиња. Уште малку, ќе ѝ одбележиме цела година – потенцираат од „Шанса за Центар“.
Оттаму потсетуваат дека Општина Центар во 2024 имала приходи од 8,3 милиони евра од издадените дозволи за градба, иако Општината е со вкупната површина од едвај над седум квадратни километри.
– Приходот од квадратен километар е повеќе од 1 милион евра, што ретко која општина може да си го замисли. Toa e можност добро да се одржува инфраструктурата и да се создаде општинска екипа за поправки, која брзо ќе ги санира проблемите. Три години чекаме таква екипа, а милионите се трошат – реагираат од „Шанса за Центар“.