Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед откри дека клупските челници му испратија јасна порака на Маркус Рашфорд дека нема шанси да биде продаден или позајмен на еден клуб. Крилниот напаѓач бил информиран дека никогаш нема да биде продаден или позајмен на големиот ривал, тимот на Арсенал. Моментално, Рашфорд настапува како позајмен играч во дресот на Астон Вила.