Расцвета фигурата „штрк“ на бул. „Јане Сандански“

871

Екипи на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ со летен цветен расад ја украсија фигурата „штрк“ на булеварот „Јане Сандански“ во Аеродром.

Од претпријатието велат дека летниот расад од видот „агератум“ дава целосна компактност на самата цветна конструкција на фигурата „штрк“ на зеленилото на булеварската жардиниера, во општина Аеродром.

Цветниот дел е обновен со засадивање на околу 700 коренчиња цвеќе, како тековна активност во обликување на цветните површини и форми во пејсажната структура на урбаното зеленило.