Расадник ќе добие нова градинка

44

Новата градинка во Расадник, која ќе прими 120 дечиња, се гради со полна пареа. Ова го констатираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по извршениот увид на градежните активности.

-Објектот ќе се простира на површина од 795 квадратни метри, ќе има шест занимални, од кои две ќе бидат наменети за јасли и ќе значи уште едно исполнување на барањата на жителите од овој дел на општината – истакна Ѓорѓиевски.

Овој објект се гради со поддршка на Владата.

-Со неговото завршување, како и со завршување на објектот  „Верверичка”, кој е во завршна фаза, како и објектот во Потстаница, кој исто така е во напредна фаза, не само што целосно ги елиминираме листите на чекање за упис во градинките, туку ќе обезбедиме и поголем простор, комфор и подобри услови за децата од Кисела Вода, но и можност да примаме и дечиња од другите општини – заклучи Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ