Гасоводот од Гевгелија до Неготино, односно поврзувањето со Грција, ќе го гради кумановската фирма „Рапид билд“. Изборот на националниот оператор на системот за пренос на гас „Номагас“ го потврди и Европската инвестициска банка, како кредитор на проектот.
По потпишување на договорот, „Рапид билд“ ќе треба да почне со изградбата на 67-километарскиот гасовод. Овој проект чини околу 60 милиони евра. Од грчка страна, гасоводот од 123 километри е речиси готов.