
Капитенот на каталонскиот гигант Барселона, Рапфиња, се обиде да стави крај на сите дилеми кога е во прашање неговата клупска иднина. Иако се погласни се шпекулациите дека размислува за преселба во Саудиска Арабија, крилниот напаѓач за шпанските медиуми изјави дека ја чувствува довербата од челниците на Барса и дека не сака да си замине од „Ноу Камп“.