Рапфиња им го кажа на новинарите тоа што не требаше

59
epa10471323 FC Barcelona's striker Raphinha (L) and midfielder Sergi Roberto (R) react during the Europa League playoff, first leg soccer match between FC Barcelona and Manchester United, in Barcelona, Spain, 16 February 2023. EPA-EFE/Alejandro Garcia

Каталонскиот гигант Барселона е веќе во Саудиска Арабија каде ќе го одигра полуфиналниот дуел од шпанскиот Суперкуп против екипата на Атлетик Билбао.

Фудбалерите на Барсе одработија неколку тренинзи, а се одржа и планираната прес-конференција, на која се појави тренерот, Ханси Флик, а на новинарите им се обрати и капитенот, Рапфиња.

Бразилскиот интернационалец зборуваше за дуелот против Атлетик (Б), а потоа еден од новинарите го праша за мислење за ситуацијата со Дани ОлмО и Пау Виктор кои се уште не се пријавени за вториот дел од сезоната.

Крилниот напаѓач беше искрен на оваа тема, но немаше поим какви реакции ќе предизвика во јавноста со тоа што ќе го каже.

„Да не се лажеме, ситуацијата со Олмо и Виктор дефинитивно може да влијае на идните трансфери. Искрено, ако бев во друг клуб и Барселона ме сакаше, а ова се случуваше, ќе се прашував дали Барса е вистинскиот клуб за мене“, изјави Рапфиња и додаде.

„Сепак, морам да ве потсетам дека и јас бев принуден да чекам некое време кога првпат пристигнав во Барселона пред да бидам регистриран и тоа не беше проблем за мене, бидејќи вредеше“.

Очигледно, според шпанските медиуми, оваа изјава не му се допаднала на претседателот Жоан Лапорта, кој исто така отпатува во Саудиска Арабија со остатокот од тимот.

На последниот тренинг Лапорта го чекаше Рафиња кој дојде до претседателот за да се поздрави но доби предавање од првиот човек на Барса.

„Марка“ пренесува дека Лапорта наводно му рекол на Рапфиња дека не треба јавно да зборува за проблемите на клубот на таков начин и дека неговите зборови за ситуацијата на Олмо и Виктор не испратиле добра слика за Барселона во јавноста.

Разговорот помеѓу Лапорта и Рапфиња траеше повеќе од една минута, а се виде дека претседателот на Барселона му „држи говор“ на Бразилецот и дека не изгледа многу среќен.

ИЗДВОЕНИ