Раперот 50 Сент мета на хакери, за половина час му одзеле три милиони

143
EPA-EFE/Balazs Mohai

Познатиот рапер Куртис Џејмс Џексон, попознат како 50 цент, стана жртва на голема измама.

Како што рече, хакерите ја злоупотребиле неговата сметка за тргување со криптовалути за да заработат милиони долари.

Тој во оваа прилика, видно бесен, на социјалните мрежи објави:

„Кој и да го направи ова, заработи 3.000.000 долари за 30 минути“, напиша раперот на платформата X.

Сметката на раперот на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) „Candy Shop“ подоцна беше заклучена. Од саботата попладне, профилот на социјалните мрежи останува неактивен – заедно со личната веб-страница на раперот.