Зборувајќи на панелот „Проширување на ЕУ“ на безбедносната конференција во Минхен, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека изборот на Доналд Трамп за претседател на САД е „најдарежливиот божји чин кон ЕУ“.
„Изборот на Трамп е најдарежлив божји чин кон ЕУ за да ѝ се даде шанса на Европа да се разбуди и Европа мора прво да престане да биде толку самореферентна. Се согласувам со Марта дека вредностите и принципите што ги обединуваат земјите-членки треба да останат такви, но не треба да бидат услови за да се има пријатели на овој свет. Мора да научиме да бидеме пријатели со другите, иако тие имаат различни вредности, различни мислења за тоа како треба да се живее животот“, изјави Рама.
Тој изјави дека Европа би требала да ги земе предвид моќта и за конкурентноста бидејќи „ако не можеме економски да се натпреваруваме, ништо друго нема да можеме да направиме“. Рама истакна дека Западниот Балкан е почва на можности.
Во однос на информациите дека во Албанија ќе се населуваат Палестинци, тој рече дека „американската влада сè уште нема поднесено никакво барање за засолнување на палестинските бегалци во Албанија, но одговорот сепак би бил „Не!“.