Членови и активности на Демократската унија за интеграција се собраа утрово пред Уставниот суд каде се одржува седницата на која ќе се расправа по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.
Фото: П. Стојановски
Во помали групи, пред Судот пристигнуваат и членови и приврзаници на партијата.
Меѓу нив се и членови на највисокото раководство на партијата како поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за образование и наука Арбр Адеми.
Пред Уставниот суд пристигна и лидерот на партијата Али Ахмети и на Зијадин Села од Алијанса за Албанците.
Местото го обезбедува засилено полициско присуство. За време на седницата или по нејзиното завршување се очекува пред присутните да се обрати лидерот на ДУИ.