Ракот на грлото на матката ќе биде искорен во Данска до 2040 година

33

Данското здружение за рак денеска соопшти дека се очекува земјата да го искорени ракот на грлото на матката до 2040 година, благодарение на придржувањето до програмата за вакцинација против ХПВ и редовните медицински прегледи.

„И пред 2040 година се очекува мал број жени да бидат зафатени од оваа болест и да се смета за елиминирана“, се вели во соопштението и се додава дека тоа ќе биде првпат да исчезне еден вид рак.

Во моментов, стапката на рецидиви на овој тип на рак е помала од 10 на 100.000 случаи, според студијата објавена во данските специјализирани медиуми.

Според критериумите на Светската здравствена организација, болеста ќе се смета за искоренета во Данска со стапка на повторување помала од 4 на 100.000 случаи.

Стапката на вакцинација против инфекција со хуман папиломавирус (ХПВ), главната причина за болеста, е 89 отсто за момчиња и девојчиња на возраст од 12 години по првата од двете дози на вакцината. Тоа е само помалку од целта од 90 проценти.

Вакцината, која е бесплатна во Данска, беше воведена за девојчиња во 2008/2009 година и за момчиња во 2019 година.

ИЗДВОЕНИ