Ракометната репрезентација на Португалија ја продолжи бајката на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Во четвртфиналето по голема драма и продолжение „европските бразилци“ славеа над Германија по продолжение (26:26, 31:30) и така договори полуфинале против Данска.
Франциско Кошта беше најдобар кај Португалија кај стрелците со осум гола, пред Виктор Итуриза со седум гола, а кај Германија, Лукас Зербе имаше 9/9, а Јури Кнор даде седум погодока. Маестрален на голот на „панцирите“ беше Андреас Волф со 21 одбрана.