Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Словенија (38:27), во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство. Натпреварот кој веројатно не требаше да се одигра поради трагедијата која ја погоди Македонија, тргна со минута молк. Домашните во салата „Бонифика“ во Копер, беа подобри и на крајот заслужено вторпат славеа над „црвено – жолтите.“

Откако се случи трагедијата РФМ побара од ЕХФ одложување на натпреварот, меѓутоа доби негативен одговор, а доколку тимот не излезеше на терен ќе беше дисквалификуван и казнет.

Најефикасен играч во македонскиот табор беше капитенот Филип Кузмановски со шест погодоци, додека по три имаа Костески, Пешевски, Лазаревски, Серафимов и Павле Атанасијевиќ. Во словенечката селекција лидер беше Алекс Влах со девет реализации.

ИЗДВОЕНИ