Неколкумина од ракометните репрезентативци на Македонија заедно со селекторот Кирил Лазаров и претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов беа на гости во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

Посетата се реализираше на повик од амбасадорката Анџела П. Агелер, дел од репрезентацијата беше во амбасадата на коктел средба. Американската амбасадорка срдечно ги дочека своите гости, оддавајќи им признание за добрите настапи на Светското првенство.

Во рамки на посетата Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и селекторот Кирил Лазаров и подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското Првенство 2025 година.

РФМ упатува голема благодарност до Амбасадата на САД за приемот и поддршката.

ИЗДВОЕНИ