Новиот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов, предложи премија за играчите ако ракометарите победат во квалификациите за Европското првенство против Словенија.
Националниот тим ќе ја пречека Словенија на 12-ти март, а доколку се дојде до победа, ракометарите ќе поделат 1.000.000 денари. Ова го предложи Стефанов, а новиот Управен одбор го прифати.
Собирот на Македонија за мечот против Словенија е закажан на 9 март.