Македонската ракометна репрезентација претрпе убедлив пораз од 34:27 на првиот натпревар од бараж двомечот против Фарски Острови за пласман на Светското првенство. Домаќинот целосно нѐ надиграа во Торсхавн и од првата па се до последната секунда имаа водство за висок триумф пред гостувањето во Скопје.
По овој пораз, нашата селекција ќе мора да победи со најмалку осум гола или седум доколку бидат постигнати помал број погодоци на втората средба, доколку сака да ја продолжи низата пласмани на големите собири.
Најефикасен во нашите редови беше Филип Кузмановски со осум голови, додека Марко Митев и Никола Костески постигнаа по пет погодоци. Слабо издание имаше и првиот голман Никола Митревски со шест интервенции.