Ракетата на Маск повторно експлодира во вселената: Запалени делови паднаа кај Флорида и Бахамите/ВИДЕО

735

Илон Маск доживеа втор неуспех во неговата ракетна програма Марс. Имено, неговото вселенско летало SpaceX Starship експлодираше во четвртокот, неколку минути по полетувањето од Тексас.

Утврдено е дека моторите на ракетата и биле исклучени, а таа почнала да ротира. SpaceX емитуваше сè во живо и потврди дека изгубил контакт со леталото.

– За жал, ова ни се случи минатиот пат, па барем сега имаме одредено искуство – изјави Ден Хут, портпарол на SpaceX, за време на емитувањето по што емитувањето беше прекинато, а немаше информации каде паднале остатоците.

За среќа, ракетата не носела астронаути.

Неуспехот на осмото лансирање на Starship доаѓа нешто повеќе од еден месец по седмото лансирање, кое исто така заврши со експлозија.

Федералната управа за авијација накратко издаде известување за запирање на воздушниот сообраќај на аеродромите во Мајами, Форт Лодердејл, Палм Бич и Орландо поради „остатоци од лансирање во вселената“.

ИЗДВОЕНИ