Најголемата европска авиокомпанија „Рајанер“ размислува да го намали бројот на летови до Франција доколку земјата ги зголеми даноците на авионските билети како што е планирано во буџетот за 2025 година, предупреди денеска извршниот директор на авиокомпанијата Мајкл О’Лири.
„Франција е веќе земја со високи даноци и затоа, ако дополнително ги зголемат и онака високите даноци, веројатно ќе го намалиме нашиот капацитет до и од француските аеродроми“, рече О’Лири на прес-конференција во Лисабон, пренесе „Фигаро“.
О’Лири истакна дека другите земји во Европа ги намалиле даноците за авијација.
„Европа нема да стане поефикасна или поконкурентна со прекумерно оданочување на авионските билети“, рече шефот на една ирска нискобуџетна авиокомпанија.
Проектот на францускиот државен буџет предвидува зголемување на данокот на авионските билети, кој би се зголемил од 2,63 на 7,3 евра за билет во економска класа, за Франција или европските земји.
Францускиот авијациски сектор, и компаниите и аеродромите, веќе неколку месеци протестираат против зголемувањето на овие такси, предупредувајќи на губење на конкурентноста и штетни ефекти врз целата економија, пренесува Танјуг.