Важноста на шпанскиот јазик во светот е многу добро позната. Повеќе од 600 милиони луѓе зборуваат шпански, односно 7,5% од вкупната светска популација. Шпанскиот е официјален јазик во 21 земји, а заедницата што зборува шпански придонесува со 6,2% во светскиот БДП. Како што не потсетува секое ново издание на Годишникот на Институтот Сервантес, шпанскиот јазик расте од година во година во квантитет и квалитет. Сто милиони луѓе го проучувале минатата година, главно во Европа, САД и Бразил. Во Европа, по англискиот, тој е најпроучен јазик во средното образование. Шпанскиот е втор најкористен јазик на социјалните мрежи и трет на Интернет. На Spotify, 21% од 500-те најпуштани песни беа на шпански, и сега е вториот најважен јазик во светот за филмска продукција. Дури и во научната област, шпанскиот постепено добива на место како референтен јазик, веќе е трет јазик на кој се објавуваат најмногу научни текстови.
Промоцијата на шпанскиот јазик е една од приоритетните оски на шпанската надворешна политика, цел што ја споделуваме со останатите земји каде се зборува шпанскиот јазик, а со кои развиваме заеднички стратегии. Исто така во Северна Македонија, една од целите на мојата мисија како амбасадор на Шпанија е да го поддржам унапредувањето на наставата на шпански јазик во земјата, како и ширењето на шпанската култура.
Од историска гледна точка, да се зборува за шпанскиот јазик во Северна Македонија значи да се потсетиме на еврејската заедница која пристигна во овие земји на крајот на 15 век. XV, главно од Пиринејскиот полуостров, и кои успееја да го зачуваат јудео-шпанскиот или јудезмот низ вековите. Сефардското наследство, со своите богати културни традиции, нè обединува повеќе од пет века. Продолжуваме да работиме заедно со македонската еврејска заедница за зачувување на заедничкото културно наследство.
Во моментов, главното место на наставата по шпански јазик во Северна Македонија е Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје, кој од 2012 година нуди диплома по „Шпански јазик и книжевност“. Катедрата за романски јазици и книжевност е поддржана од шпански лектор субвенциониран од шпанската агенција за меѓународна соработка. Тука се обучуваат идните учители и хиспанисти.
Продолжувајќи со формалното образование, наставните програми за основните и средните училишта во земјата вклучуваат можност за изучување на шпански како изборен јазик, опција која моментално е можна само во Куманово поради недостиг на достапни позиции за настава. Нејзиното прогресивно покривање и проширувањето на оваа образовна опција во другите градови во државата е дел од работата што сакаме да ја промовираме со Министерството за образование. Убеден сум дека раната стимулација на наставата по шпански јазик ќе го зајакне присуството на шпанскиот јазик во Северна Македонија на среден рок.
Но исто така, неформалното образование има и важни актери за унапредување на наставата по шпански јазик, како што е случајот со академиите Каста Дива и Академија 26. Академијата Каста Дива е исто така единствен сертифициран центар од страна на Институтот Сервантес за реализирање на испитите ДЕЛЕ, главен сертификат за познавање на шпанскиот како странски јазик. Истотака, приоритет на Амбасадата е да одговори на потребите на овие центри.
Ова е краток опис на опциите за учење шпански јазик во Северна Македонија. За време на моите посети на универзитети, училишта и академии, секогаш ги прашувам студентите за причините што ги натерале да изберат да учат шпански. Нивните одговори обично се многу различни, од влијанието на латиноамериканските сапунски опери од 90-тите години во домовите на земјата, до шпанската музика или страсното следење на шпанската фудбалска лига. Сите причини се валидни за учење на нов јазик, кој е секогаш отворена врата кон културата и нејзините вредности. Од моја страна, обично им честитам на студентите за изборот на шпанскиот јазик бидејќи сум убеден дека, без оглед на личните причини за нивната одлука, учењето на шпанскиот јазик е инвестиција во нивната иднина и во нивната професионална кариера.
Се разбира, има и случаеви кога причината за изучување на шпанскиот јазик е можноста да се читатаат романите на Сервантес или песните на Неруда во нивната оригинална верзија, но, покрај тоа, познавањето на шпанскиот јазик значи да се позиционирате со основна предност за денешниот свет. Претпоставувам дека англискиот е пар екселанс лингва франка, така што предноста во денешен професионален конкурентен свет е владеењето на втор јазик. Верувам дека, како што истакнав на почетокот на овие редови, шпанскиот е во позиција да стане втор јазик на меѓународна комуникација во светот.
Млад Македонец кој учи шпански инвестира во својата иднина. Без оглед на професијата – архитект, економист или биолог – познавањето на шпанскиот јазик ќе им ги отвори вратите во заедницата што зборува шпански, чија важност не може да се игнорира во Соединетите Држави, каде што 20% од населението сега е со шпанско потекло. Како што има многу простор за подобрување во шпанско-македонските односи, има простор за подобрување и во односот меѓу Северна Македонија и Латинска Америка, при што Шпанија е природен мост. Учењето шпански значи да се опремите со клучна алатка за да се биде конкурентен на глобалниот пазар на кој Северна Македонија се надева да се интегрира, особено кога нејзината долгоочекувана интеграција во Европската унија ќе случи.
Од нашата амбасада, заедно со Министерството за образование, универзитетите и приватните академии, ќе работиме заедно на унапредување на наставата на шпанскиот јазик на сите образовни нивоа, поттикнувајќи го неговото учење, не само како јазик на културата, туку и како јазик на бизнисот и на науката, и како инвестиција во можностите на младите во земјата.
И ако по читањето на овие редови успеав да ве убедам во извонредната можност што ја претставува изборот да се студира шпански, тогаш сметам дека ја имам постигнато мојата цел. Не заборавајте да ми кажете кога ќе се сретнеме по улиците на Скопје, Куманово или Битола, со соучесништвото што доаѓа од тоа што можеме да се разбереме на јазикот на меѓународната комуникација.