EPA-EFE/JONO SEARLE

Околу четири месеци по турнирот во Бризбејн и 681 ден по финалето на Ролан Гарос, неговиот последен меч на земја, Рафаел Надал триумфално се врати на теренот и веднаш покажа дека последиците од двомесечните проблеми со стомачните мускули се веќе минато.

  • Не можев долго да сервирам на тренинзите, иако сум задоволен како изгледаше на мечот. Сигурно е дека сега нема да сервирам како луд – истакна Надал по почетната победа на турнирот во Барселона.

Тој го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 6:2, 6:3.

  • Морам да сервирам како што ми налага ситуацијата. Ќе има моменти кога ќе се чувствувам послободно, но ќе има и моменти кога ќе бидам повнимателен. Сето тоа е дел од процесот – додаде Шпанецот.

Кралот на земјата не крие колку е задоволен од првата победа по толку време.

  • Тоа беше добар почеток. Кога ќе се вратите на теренот по ваква пауза, сомнежите не исчезнуваат за еден ден, особено на физичко ниво. Сè на сè, сепак, тоа беше добар прв круг. Тој направи многу грешки и јас го одиграв натпреварот што требаше да го одиграм. Контролирав сè што можев да контролирам – вели Надал.