Казахстанскиот тенисер Александар Бублик, даде интересна и малку контроверзна изјава поврзана со славниот шпански тенисер Рафаел Надал, кој неодамна ја заврши својата богата кариера.
Бублик се наврати на дел од големите ѕвезди на овој спорт, а особено внимание привлече со коментарот за Шпанецот кој освои 22 грен-слем трофеи.
„Да не беше толку успешен на Ролан Гарос, Надал ќе останеше на максимум десетина трофеи од грен – слем турнирите. Мислам дека неговиот талент е неспорен, но историјата видела и многу поквалитетни тенисери од него.
Според стилот на игра тој не спаѓа во таканаречената „голема тројка“. Мислам дека не е близу до Федерер и Ѓоковиќ. Тој сигурно ќе има поголемо наследство од мене, но јас искрено го кажувам моето мислење“, рече Казахстанецот.