Согласно закон за кривичното дело „Семејно насилство“, неопходен е предлог за кривично гонење, но жената одбивала кривичен прогон и изјавувала дека видеото е старо и покрај тоа што од снимката каде насилникот се гледа како ја тепа стои сабота 22 март 2025 година. Таа во разговор со полицијата изјавила дека видеото било објавено без нејзина согласност од нејзината мајка. Од МВР потвдуваат дека насилникот е од Радовиш а дека случајот бил пријавен на 23 март 2025 година (недела) во 08:25 часот од страна на мајката на жртвата. |
Видео снимката од “Tик-Tок“ објавена во живо на која се гледа како маж крвнички ја тепа својата сопруга и и упатува погрдни зборови ја згрози македонската јавност. На снимката се гледа како насилникот постојано ја пцуе и тепа жената за која се тврди дека е бремена. Вознемирувачкото видео се прошири и на останатите социјалните мрежи, а сведоци тврдат дека насилникот не ја малтретирал само бремената жена, туку и нејзините деца. Се споделуваат и други вознемирувачки видеа каде истиот насилник ја малтретира жената која била трудна, а ги тепал и нејзините деца. Според неофицијалните податоци насилникот е извесен Аце од Радовиш.
Согласно закон за кривичното дело „Семејно насилство“, неопходен е предлог за кривично гонење, но жената одбивала кривичен прогон и изјавувала дека видеото е старо и покрај тоа што од снимката каде насилникот се гледа како ја тепа стои сабота 22 март 2025 година. Таа во разговор со полицијата изјавила дека видеото било објавено без нејзина согласност од нејзината мајка.
Од МВР потвдуваат дека насилникот е од Радовиш а дека случајот бил пријавен на 23 март 2025 година (недела) во 08:25 часот од страна на мајката на жртвата.
„Во врска со видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, а во кој се гледа како машко лице насилно се однесува кон женско лице, МВР ја известува јавноста дека СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата, поврзани со конкретниот случај, и насилникот е лишен од слобода. Имено, настанот во СВР Струмица беше пријавен на 23.03.2025 (недела) во 08.25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш. Утврдено е дека машкото лице е А.А.(35) од Радовиш, кој истиот ден во 09.20 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Исто така, бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година. Бидејќи во конкретниот случај постои сомнение за сторено кривично дело ‘телесна повреда’ по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде во став 5 од истиот член стои дека гонењето се презема по поднесување на предлог за гонење, од жртвата било изјавено дека не сака да поднесе предлог и дека видеото било доставено од нејзината мајка“, се вели во соопштението на МВР.
За случајот бил известен јавен обвинител, по чии насоки биле преземени и понатамошните мерки.
„Врз основа на преземените мерки, од страна на ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш на 25.03.2025 е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело ‘телесна повреда’ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон. Продолжуваат да се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот“, наведено е во соопштението.
Психолозите велат дека бројот на луѓето кои бараат помош во случај на семејно насилство е многу мал, особено кога се случуваат во руралните средини. Велат дека честопати и жртвите не се свесни низ што поминуваат, па една шлаканица и не ја сметаат за насилство. Од нивната пракса, сметаат дека потребно е да се еманципираат жените, да се зголеми свеста. Закон има, но во практика немаме изграден систем кој ќе го превенира ваквите ситуации за да отвори простор веднаш и соодветно да се реагира.