Утрово во целата држава беа измерени високи минусни темератури, со тоа што Берово осамна со измерени -13 степени, додека во Струмица беше дури топло, со измерени -4 степеми. Но тоа не значи дека не може да се ужива во зимската убавина распослана низ најубавите предели во земјата.
Сепак, во зима, тишината раскажува најубави приказни и самата ги снима најубавите, ненаместени фотографии. И на највисокиот студ, детската насмевка зрачи со љубов и радост уловена во безгрижени птичји лет на фотографиите снимени покрај струшкиот брег на Охриското езеро на крајот од февруари.
За во текот на денот УХМР најави сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови, со слаб до умерен ветер од јужен правец и максимална температура која ќе биде во интервал од 3 до 10 степени. Вистинска можност да се искористи викендот за зимски пејзажни спомени.
Фото:П.Стојановски